Не „гукнаа“ против Бугарија што не сака да нè признае, а бараат Бугарите да ги внесеме во Устав, вели Тасевски

Актерот Сашо Тасевски го кажа своето мислење за заложбите на меѓународната заедница да ја убедат Македонија дека услов за патот кон Европската Унија (ЕУ) е внесување на Бугарите во Уставот.

Тасевски прашува зошто никој не кажал ништо против Бугарија која не го признава македонскиот народ.

-Замислете не гукнаа против Бугарија што не нè признава како македонски народ, а бараат од нас да ги внесеме во уставот како Бугари. А нашиве продадени, па уште трчаат да ги примат. И ќутат на секоја бугарска шовинистичка уцена или навреда. Без трошка самопочит. Ете во таква тиња живееме, вели Тасевски.