Кои се нештата со кои морате да се справувате како интровертни личности?

Воопшто не е лесно да се биде интровертна личност. Малите нешта кои екстровертните личности ги сакаат, како дружењето во групи, неочекуваните телефонски повици, гласното зборување се само некои од нештата кои ја одземаат енергијата на интровертите. 

Ако сте интровертна личност, веројатно постојано се соочувате со мали нешта кои ви пречат во текот на денот. Ова се некои од нив.

  • Кога некој ви се јавува наместо да одговори на вашата порака.
  • Кога на училиште/факултет ќе ви кажат дека тоа е групен проект.
  • Кога си тивок, размислувајќи или концентрирајќи се на нешто, а некој ќе ве праша дали сте во ред или дека изгледате тажно.
  • Кога се обидувате да бидете сами, а другите постојано ве напаѓаат со прашања.
  • Кога сте расположени затоа што не морате да правите ништо после работа, а потоа вашите пријатели се јавуваат и прашуваат дали ќе се одржи планираното излегување.
  • Кога ќе отидете на забава со своите пријатели и таа ве истоштува, а вашите пријатели уживаат.
  • Кога луѓето постојано ви потенцираат дека сте тивки.
  • Кога работите напорно на работа, а вашиот шеф не ве ни приметува бидејќи не сте меѓу најгласните колеги.
  • Кога сакате да зборувате со личност која ви се допаѓа, но не знаете како да започнете разговор.
  • Кога имате повеќе онлајн пријатели отколку реални пријатели.