Неодамнешните истражувања покажуваат дека и екстроверните личности се истоштуваат од претераната социјализација и контактите со другите луѓе. Тоа значи дека не им е потребен одмор и пауза само на интровертите, туку и на оние кои се различни од нив. Сепак, постојат огромни разлики меѓу интровертите и екстровертите. Во просек, интровертните личности преферираат да бидат сами, додека пак есктроверните обожаваат да бидат дел од социјалните интеракции кои го подигаат нивниот социјален статус, но и внимание.

Една од причините зошто интровертите уживаат во времето кое го поминуваат сами има голема поврзаност со тоа како тие одговараат на наградите, како парите, сексот, социјалниот статус, храната и забавите. Така што, кога се обидувате да добиете нечиј број или да одите на љубовен состанок, или пак да добиете унапредување на работа, вие добивате награда.

Иако интровертите ги сакаат ваквите награди, сепак научниците истакнуваат дека тие на различен начин реагираат на нив. Тие покажуваат помала желба, помалку енергија и помалку ентузијазам. За нив, желбата и потребата, а особено напорот да се добијат овие работи ја трошат нивната енергија и ги заморуваат.

Но, што ги прави да се однесуваат така? Тајната лежи  во хемиската состојка допамин, која го контролира задоволството во нашиот мозок. Тоа ни помага да ги забележиме наградите и да преземе некаква активност за да ги добиеме, така што го намалува трошокот на напорот, во сисла колку личноста е способна да вложи за да добие нешто.

Според Колин ДеЈанг, професор по психологија на Универзитетот во Минесота, екстровертите имаат значително повисоки нивоа  на допамин. Тоа значи дека нивните мозоци се поактивни кон можните награди, а допаминот им дава енергија за да се потрудат да ја добијат таквата награда.

За да разбереме подобро она што го истакнува Де Јанг доволно е да замислиме двајца пријатели – едниот екстроверт, а другиот интроверт на забава во текот на една саботна вечер. Тие се во мала соба со гласна музика, гласно зборување и многу алкохол. За екстровертите, таквото ниво на стимулација е доволно. Тој гледа можности околу себе :  интересни личности, потенцијални пријатели и луѓе кои можат да му го дадат социјалното внимание кон кое тој копнее. Таквата личност има енергија и е возбудена што е на забавата. 

Од друга страна, интровертите гледаат на оваа средина како досадна и како казна за нив. Се е премногу гласно и тие не се заинтересирани за социјалните награди околу нив. Интровертот  наоѓа оправдување и си заминува, бидејќи тишината во неговата соба и омилениот филм на кои е навикнат се неговата награда.