Какво време не очекува денес и наредните неколку денови?

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за слаб локален дожд, а на планините со повремен локален снег. Ќе дува умерен северен ветер.

Температурата ќе се движи од 3 до 13 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 9 степени.

Во следните денови поради спуштање на постудени воздушни маси од север, ќе преовладува променливо облачно време со кратки сончеви периоди и со умерен северен ветер. До вторник ќе има услови за слаб локален дожд, а на некои повисоки места и на планините слаб снег.