Денес сончево и топло, од утре надпросечни температури за овој период од годината

Времето Македонија  денеска ќе биде сончево со слаб, претпладне умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се движи од 2 до 10 степени, а максималната од 20 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб северен ветер. Температурата ќе се движи од 6 до 25 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно, суво и топло време, со позитивни утрински температури, а максималните ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Од утре ќе има појава на мала до умерена локална облачност, а од средината на неделата ветерот ќе биде од јужен правец.