Како на дете од 7 години да му објасниш за хибридна војна и дојави за бомби?

Не престануваат дојавите за поставени бомби во училиштата во главниот град. Родителите во паника по најновите дојави за поставени бомби кои пристигнале утринава во неколку скопски училишта.

Неофицијално, тоа се основното училиште „Александар Македонски“ и во „Лазо Ангеловски“ на територија на Општина Аеродром. 

Со оглед дека станува збор за основни училишта, родителите на учениците од пониските одделенија реагираат дека е навистина тешко на дете од 6, 7 или 8 години да му се објасни зошто мора итно да заминат од училиштето. 

-Исплашени сме, а пред децата треба да бидеме смирени. Утрово сите излегле од училиштето, без претходна најава. Имам две првачиња и навистина е тешко да им се објасни што се случува, вели една мајка. 

-Излегов од работа за да го земам детето поради дојавите за бомби. Премногу е ова, институциите треба да го средат проблемот со заканите. Не може да функционираме во страв, вели друг родител. 

-Се плашам дека доколку му кажам за бомби, утре можеби нема да сака да оди во училиште, вели мајка на 9-годишно дете.