Излетал од обиколницата кај Стајковци, се здобил со тешки телесни повреди

Вчера, претпладне околу 10.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат-обиколница на град Скопје, во близина на надвозник кај с.Стајковци, патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Д.(22) од с.Марино, општина Илинден, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, каде му биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.