Пукање кај Волково: Скопјанец пријавил дека со пиштол пукале кон неговото возило во движење

Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 19.40 часот во СВР Скопје М.Т.(21) од Скопје, пријавил дека на обиколница пред клучка с.Волково-с.Орман, додека се движел со своето патничко возило, од друго возило во движење едно лице со пиштол испукало кон неговото возило.

Повредени лица нема, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.