Грејната сезона може да се продолжи до 30 април, вели Бислимовски

Според прогнозите за временските услови пред нас е вистинска зима. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски уверува дека нема да биде студено во скопските домови. 

„Грејната сезона заврши пред два дена, а температурите се намалија. Скопјани согласно правилата за снабдување, грејната сезона може да се продолжи до 30 април. Веќе од утре ќе продолжи грејната сезона имајќи ги предвид темерпатурите кои се најавувааат за следните денови. Додека имаме најава за просечна темпераура под 12 степени, апсолутно ЕСМ производство ќе си работи и ќе поризведува топлинска енергија. Граѓаните да бидат без грижа до 30 април секогаш ќе имаме топлниска енергија.“ - вели  Бислимовски во денешното гостување на ТВ 24.