Бислимовски: Во делови на Скопје има зголемена потрошувачка на струја бидејќи луѓе копаат биткоини

Во одредени делови на Скопје има зголемена потрошувачка на електрична енергија, но има и појави на кражба на електрична енергија, а неретко тоа се прави за т.н. копање биткоини, вели за „Утрински брифинг“ Марко Бислимовски, претседателот на регулаторната Комисија за енергетика.

– Луѓето сами ги менуваат осигурувачите, со што може да се предизвика пожар затоа што се овозможува поголема моќност без да се има услови за тоа. Кражба на електрична енергија е кривично дело, а инаку може да се зголеми потрошувачката, но тоа треба да се пријави во ЕВН и да се променат легално осигурувачите и евентуално кабелот, објаснува Бислимовски. 

Тој додава дека и копањето биткоини треба да се прави легално, односно да се пријави за испорака на поголема моќност на струјата.