Граѓаните со предлог до Шилегов - пешачки како во Приштина за помалку сообраќајки

На Ѕидот на сообраќајниот срам почнаа да се појавуваат предлози и идеи за скопскиот градоначалник Петре Шилегов, по страшната несреќа во Аеродром во која почина старица, а дете се бореше за живот.

- Приштина. Навечер пешачкиот премин е осветлен. Не е лошо да прифатиме некои позитивни идеи од соседството, стои во објавата на Ѕидот на сообраќајниот срам.