Се укинува плаќањето по учинок на здравствените работници

До Собранието ќе бидат доставени предлог измените на Законот за здравствената заштита со кој се укинува плаќањето по учинок на здравствените работници, соопшти владината прес-служба по денешната редовна седница на Владата.

„Основната плата и делот за успешност ќе се утврдува во согласност со колективниот договор, како создавање услови за обезбедување здравствени работници во јавните здравствени установи преку преземање од приватните здравствени установи“, образложи Владата.