Собранието на денешната седница го донесе Законот за јазиците. Сo 69 гласа ЗА и ниту еден против пратениците го изгласаа новото законско решение. 

Предлог-законот за употреба на јазиците содржи 25 члена. Тој предвидува во сите органи на државната власт во Република Македонија, централни институции, јавни претпријатија, агенции, дирекции, установи и организации, комисии, правни лица кои вршат јавни овластувања согласно закон и други институции, службен јазик покрај македонскиот јазик и неговото писмо да е и јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните на Република Македонија и неговото писмо, на начин определен со овој закон.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваа на седницата.Законот сега треба да оди на потпис кај претседателот Иванов. Доколку тој не го потпише, а има такви најави, тој повторно се враќа во Собранието. По повторното изгласување, Претседателот мора да го стави својот потпис.