Голем број семејства живеат од потрошувачките кредити

Граѓаните во Македонија најмногу подигнуват потрошувачки кредити од банките.

Заемите тие неретко ги користат за да ги покријат долговите за режиски трошоци, за реновирање, бела техника, мебел и слично, Но, некои се соочуваат и со проблеми при враќањето на ратите.

Граѓаните треба многу да внимаваат доколку одлучат да подигнат кредит или кредитна картичка од банките, бидејќи доколку се задолжат со неколку заеми потоа тие тешко се отплаќаат дури и со повисока плата од просечната.

Во неможност да се покријат месечните рати, се прави префрлање на пари од една на друга банкарска сметка и на крај кога ќе се испразнат сите картички, ќе дојдете до нула.