Дневна евтина струја добија околу половина домови, а останатите ќе чекаат до крајот на октомври

Како што информираат од ЕВН Македонија од вкупно 800 илјади броила, кои се поделени во четири групи, досега дневна евтина струја добија околу половината,а останатите ќе чекаат до крајот на октомври.

Дневната евтината струја ќе пристигне до сите домаќинства до крајот на октомври. Екипите на ЕВН Македонија се на терен, а дел од потрошувачите веќе ги користат дневните благодети на евтината струја, а останатите чекаат тоа да се реализира до крајот на октомври.

Како што информираат од ЕВН Македонија од вкупно 800 илјади броила, кои се поделени во четири групи, досега дневна евтина струја добија околу половината,а останатите ќе чекаат до крајот на октомври. Според нив усогласувањето на броилата тече според планот.

- Секој корисник доби известување во претходната сметка во кој период од месецот ќе му биде прилагодено броилото согласно отчитувачката група во која припа. Прилагодувањето на броилата со дневна евтина тарифа тече согласно планот за отчитување и досега се адаптирани речиси половина од корисниците - информираат од ЕВН.

Но многумина од потрошувачите не знаат како да проверат дали имаат евтина тарифа. Од компанијата велат можат самите да проверат во перидот од 14 до 16 часот, на дисплејот од броилото, бројчаникот треба да врти на индикаторот Т2, бидејќи на скапа струја врти само бројчаникот со индикатор Т1.

Од ЕВН велат дека броилата што не биле достапни за нивните екипи, односи оние што се во куќа, а немало никој дома, штелувањето ќе се повтори на крајот на октомври.
Проценките на Владата се дека со воведувањет на два часа евтина струја преку ден, енергетските компании ќе бидат покуси за 8 милиони евра, но парите ќе го компензираат со заштеди при работењето.

И од ЕВН велат дека ќе прават нови инвестициски планови за да ги покријат загубите од враќањето на евтината тарифа.

Од дистрибутивната компанија потсетуваат дека како и досега, евтината тарифа ќе продолжи да се применува во недела во тек на целиот ден и работните денови навечер од 22 часот до 7 часот наутро.

Според енергетските експерти доколку домаќински се користи ефтината тарифа сметките на одредени семејствата можат да бидат пониски од 30 до 40 %, особено кај оние кои што планираат правилно да ја користат и секако оние што во тој период се дома.