Годишен хороскоп за 2017 година: Девица

2017 година ќе биде многу успешна за родените во овој знак. Голема е веројатноста дека ќе работите или студирате во странство. Работните проекти кои ги започнавте ќе завршат за неколку месеци. Сепак, ќе се јават некои препреки кои ќе морате сами да ги надминете. Ќе можете да разговарате или да се потпрете на пријателите, но само од вас зависи дали ќе напредувате или ќе одите назад. Крајот на годината ќе ви донесе посета од личност која долго не сте ја виделе. Ќе се радувате на времето кое ќе го поминете заедно и ќе се договорите за повторна средба.

Кариера

Кога станува збор за кариерата, 2017 нема да ви донесе големи промени. Веројатно ќе ја работите работата која не ја сакате, но во исто време ќе учите и како да се пронајдете во неа. Нема да сакате да зависите од другите и ќе имате мотивација која ќе ве спречи да се откажете. Првите резултати ќе ги видите на крајот на годината која ќе можете да размислувате за отказ и аплицирање на вашето посакувано работно место. Вашата кариера брзо ќе тргне по патеката која ја имате замислено и ќе ви биде драго што конечно нештата тргнуваат на добро. Доколку студирате, средината на годината ќе ви донесе полагање на испитите и почеток на барање работа во струката.

Љубов

Оваа година на љубовно поле ќе ви донесе бројни успеси и падови. Ќе бидете заплеткани во замрсен љубовен однос и нема да знаете што да очекувате од партнерот/партнерката. Ќе решите да жртвувате многу работи за да ја направите успешна вашата врска, но истото ќе го барате и од другата страна. Саканата личност ќе ја идеализирате и затоа нема да можете реално да ги согледате работите.

Доколку сте слободни, ќе имате можност да запознаете квалитетна личност. Бидејќи во минатото имавте лоши искуства, постојано ќе барате маани и ќе мислите дека нивните намери не се најискрени.  Нема да можете да се опуштите па можеби ќе се случи од вас да се откаже личност на која многу ќе и се допаѓате.

Доколку сте слободни, 2017 е идеален период за почеток на нова врска, која мошне брзо ќе премине во нешто сериозни.

Финансии

Во текот на оваа година, ќе имате повеќе пари отколку што можете да замислите. Тоа ќе ви овозможи да си дозволите некои работи кои долго ги посакувавте. Ќе морате да бидете претпазливи за да не потрошите премногу и да го раздвоите она што ви е навистина потребно од она што ви е неопходно. Попаметно би ви било да инвестирате во работи кои ќе ви донесат успех во иднина.

Доколку се занимавате со спорт или уметност, ќе имате успех на натпреварувањата и ќе освојувате вредни награди. Ќе продолжите да го работите тоа што го сакате  и покрај тоа што другите ќе ве предупредуваат дека од тоа нема добивка.

Здравје

Претходната година не внимававте премногу на вашето здравје, а последиците мошне брзо ги чувствувавте. Не сакате да го слушате вашето тело и да го правите тоа што му одговара, туку ќе продолжите и понатаму доцна да одите на спиење, да седите во зачадени простории и да се потпирате на пороците. Вашата исхрана ќе биде многу еднолична. Средината на годината ќе ви донесе главоболки, па ќе се одлучите да не се нервирате толку многу за нештата на кои немате влијание и ќе се обидете да промените некои нешта. Доколку вежбате, внимавајте на повреди.