Хороскоп
22. December 2016 - 19:27

Годишен хороскоп за 2017 година: Водолија

Оваа година ќе можете да здивнете бидејќи веќе нема да ве мачат толку проблеми како и претходната. Ќе се насочите кон зацртаните цели и нема да дозволите стравот и изговорите да ве одалечат. Многумина од родените во овој знак ќе делуват како ништо да не може да ги погоди, но ќе бидете такви благодарение на бројните искушенија и предизвици. На почетокот на годината ќе ви укаже можност да се преселите и да живеете самостојно. Поддршка ќе добиете од личност на која не сте сметале па ќе се потрудите да не ја изневерите. Оваа година ќе ве води интуицијата низ животот и внатрешното чувство кое ќе ви каже дека сте во состојба да остварите се што сте замислиле. Сепак, морате да бидете претпазливи и реални, за да не преземете погрешни чекори.

Кариера

Почетокот на годината ќе ви донесете голем успех на професионално поле. Надредените ќе бидат задоволни со вашиот труд и работа, па во вториот дел од годината ќе можете да се опуштите и да живеете од старата слава. Можно е да не ви се допадна дел од работата со која се занимавате, но нема да смеете да дадете отказ  бидејќи тоа ви е единствен извор на финансирање. Доколку имате малку трпение, мал напор ќе ви биде доволен за да си обезбедите удобен живот.

Ако се занимавате со спорт, уметност или новинарство, на средината на годината ве очекуваат признанија кои ќе бидат круна на вашата кариера. Можете да се потпрете на колегите и да функционирате како голем и сложен тим. Крајот на годината ќе донесе решавање на правни прашања кои долго време ви задаваа главоболка.

Љубов

Во текот на оваа година ќе забележите дека не можете светот да го гледате низ розови наочари, туку дека ќе морате да се соочите со реалноста. Ќе и кажете на својата сакана личност што ве мачи без страв дека погрешно да бидете разбрани. Тие ќе ја ценат вашата искреност и двајцата ќе се потрудите да смените некои навики кои и пречат на другата страна и пречат.

Слободните Водолии ги очекува убав период во кој ќе сретнат личност која многу ќе им се допадне. Таман што ќе помислите дека немате шанси кај нив, тие ќе ви дадат до знаење дека не се рамнодушни на вас.

Водолиите кои се во брак би требало да внимаваат на кого се поверуваат за своите проблеми. Многу ваши зборови можат погрешно да бидат сфатени и можат да имаат сериозен проблем, ако ги слушне брачниот партнер.

Финансии

Оваа година правилно ќе ракувате со парите и однапред ќе ги планирате трошоците за летување и зимување. Нема да можете се да предвидите како што треба, ама ќе зачувате и пари за т.н. црни денови. Нешто ќе и позајмите на блиска личност, која нема да биде во завидна финансиска ситуација.

Ако имате работни партнери, вклучете ги во работата која ви задава грижи за да ви помогнат со конструктивни решенија кои ќе ви бидат од голема помош.

Здравје

Оваа година повеќе внимание ќе посветите на своето здравје, па може да се случи да станете веган или вегетаријанец. Можно е да ве мачат некои алергии, поради кои ќе пробате различни нешта. Често ќе одите на доктор, но кога ќе сфатите дека и тие не знаат што ви е, ќе внесете промени во исхраната, кои ќе ви бидат многу корисни.

Ако имате многу напорна работа, добро е да почнете се занимавате со јога или пак да одите на бања. Тоа важи за оние кои минуваат многу време пред компјутер. Внесете физичка активност во својот распоред и брзо ќе ги забележите промените.