Годишен хороскоп за 2017 година: Риба

Во 2017 година повеќе време ќе посветите на своите пријатели и ќе се трудите секој слободен момент да го минувате со нив. Вашиот социјален живот ќе биде поактивен и побогат и речиси ретко ќе бидете дома. Семејните односи ќе се подобруваат па ќе воспоставите солидна комуникација. Поради повисоките цели ќе пристапите на компромиси со кои нема да се сложувате во целост. Ќе морате да научите да ги контролирате своите емоции бидејќи можете да влезете во проблеми. Може да се случи да ја смените работата и затоа ќе запознаете луѓе со кои одлично ќе се сложувате. Некои од нив ќе ви помогнат многу, за што вечно ќе им бидете благодарни. Како на работното место, така и во приватниот живот, вашата креативност ќе дојде до израз па ќе добиете бројни признанија.

Кариера

Оваа година ќе бидете успешни во секој проект кој ќе го започнете. За неколку месеци ќе ви се исплатат сите вложувања за кои сте мислеле дека се пропаднати. Ќе станете експерт во вашата област и ќе имате храброст да барате подобри услови. Ќе имате и разни понуди па вам ќе ви треба време да одлучите што ќе прифатите. Крајот на годината ќе бидете унапредени, но ќе морате да се одречете од некои работи.

Доколку сте невработени, или незадоволн од работата која ја работите, бидете одважни и следете ги своите соништа. Ако почетокот на годината не направите ништо за да го подобрите квалитетот на вашиот живот, мали се шансите било што да промените во наредниот период.

Љубов

Крајно време да престанете да живеете во минатото и од себе да правите жртва. Ако подобро погледнете околу себе, многу луѓе од вашето окружување преживеале тешки искушенија. Штом го промените ставот, ќе сфатите дека секој минува низ нешто тешко во својот живот.

Доколку сте во врска, средината на годината ќе поставите ултиматум до вашата сакана личност -  да избира меѓу вас и личноста која не ја поднесувате. Ќе бидете свесни дека голема е веројатноста да ги изгубите поради тоа, но ќе одлучите да ризикувате.

Доколку сте во брак, почетокот на годината ќе донесе многу несогласувања, но ситуацијата ќе донесе заедничко патување на кое ќе се средат работите.

Финансии

Почетокот на годината ви носи подобрување на вашата финансиска ситуација, бидејќи ве очекуваат пари од наследство или недвижен имот. Некој ќе ве наговори да вложите во работа, бидејќи ќе се плаши да не ги потрошите парите на неважни нешта. Крајот на годината ќе донесе прилив на средства поради работа со странство. Многумина ќе ви бараат пари на заем, но нема да можете да им излезете во пресрет.

Здравје

2017 ви носи подобрување на вашето зфравје и повеќе енергија од вообичаено. Ќе се трудите порано да заспивате и порано да станувате, што ќе влијае на вашата ефикасност.

Обрнете внимание на рокот на храната која ја конзумирате, бидејќи тоа може да ви донесе проблеми. Ќе бидете подложни на вируси и затоа избегнувајте возење со градски превоз и да престојувате во просториите каде има гужва. Почнете да пиете нешто за јакнење имунитет за да избегнете сериозни настинки.