Фудбалска класика: Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид во Скопје

Можевме ли да посакаме подобар натпревар во годината кога токму Скопје и Македонија ќе бидат домаќини на УЕФА Супер купот 2017!?

Реал Мадрид – Манчестер јунајтед ќе биде големата пресметка на која на 8. август од 20:45 часот ќе биде домаќин Македонија на националната арена во Скопје!

По денешниот триумф на „кралевите“ во финалето од Лигата на шампионите, јасно е дека Реал доаѓа во главниот град на Македонија предводен од Зинеден Зидан и Кристијано Роналдо. На спротивната страна, пак, едно од најголемите тренерски имиња на денешницата – Жозе Мурињо!