Фото: Англиската и македонската легенда на едно место – Сер Алекс Фергусон и Андон Дончевски

Бројни угледни гости од светот на фудбалот денеска и утре ќе бидат во македонската метропола за еден од најголемите фудбалски клупски настани годинава, УЕФА Суперкупот. Меѓу нив и легендарниот сер Алекс Фергусон, најтрофејниот менаџер во историјата на Манчестер јунајтед кој во Скопје е да ги следи своите „црвени ѓаволи“, пишува Екипа.

Па, сер Алекс вечерва имаше средба и со првиот македонски селектор Андон Дончевски за време на гала вечерта која се организира пред утрешниот натпревар вечерва во хотелот „Мериот“ во Скопје. Сер Алекс и чичко Дончо на едно место, англиската и македонската легенда – повеќе од 100 години фудбалско искуство збрано на едно место!