Фрчат напади со нож, во два одделни случаи нападнати две лица

Билтенот на МВР бележи два напади со нож. Едниот напад се случил на територија на Бит Пазар среде бел ден, каде едно лице било нападнато и притоа му е нанесена повреда, додека другиот напад се случил во Градскиот трговски центар каде група на малолетници нападнале друг малоленик.

„Во 20.40 часот во СВР Скопје, Д.С.(24) од Скопје пријавил дека на 17.04.2024 околу 12.45 часот на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, бил физички нападнат од С.Р.(42), кој употребил и остар предмет и му нанел повреда. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Во 22.00 часот во СВР Скопје, Д.В.(48) од Скопје пријавил дека околу 21.30 часот во Градски трговски центар во Скопје неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници, од кои едниот од нив имал остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.