Физички нападнато 19-годишно момче, со нож го расекле по раката

Вчера во полициската станица Драчево во 22:35 часот било пријавено дека во паркот во истоимената населба неколку лица го нападнале физички Л.А.( 19) од Скопје.

Едното од лицата извадило нож и притоа му нанеле повреда на раката. Напаѓачите веднаш по нападот го фрлиле ножот кој бил пронајден во близина каде што е нападнато момчето.

Увид извршила екипа на СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.