ФОТО: Оваа Македонка ќе ја претставува нашата земја на “The Look Of The Year 2016“

На гламурозниот настан воедно и финале на регионалниот избор за Лице на Годината 2016, кој ги собра сите позначајни еминентни претставници и уметници од севкупната модна фела, беше претставена и официјално прогласена Ивана Караџова (16) од модната агенција Моделс ИН од Скопје за Лице на Годината за Македонија 2016.

Караџова заедно со другите финалистки веќе патува за Сицилија каде ќе ја претставува Македонија на овој престижен избор за нај лице на светот “The Look Of The Year 2016.”