Пронајдена исчезнатата Македонка во Грција

Пронајдена е македонската државјанка Милица Гелова, која исчезна завчера во Грција.

Милица на 9 август требало да патува до Василики на Лефкада, но никогаш не стигнала на конечната дестинација и тоа ги загрижи нејзините роднини кои побарале помош.

Роднините за „А1он“ откриваат дека добиле информација дека жената е во автобус кој патува од Солун за Македонија.

- Се качила најверојатно во погрешен автобус. Чекаме да влезе во Македонија за да го вклучи телефонот, вели роднина на Милица за „А1он“.