Двојно повеќе апарати за магнетна резонанца, а ист број на снимања

Државниот завод за ревизија во нивниот извештај објави дека иако бројот на апарати за магнетна резонанца е дуплиран од 7 на 14 сепак бројот на услуги останува просечно по 2800 снимања по апарат што е за речиси 3 пати помалку од европскиот просек

Од државната ревизија исто така констарирале дека во Мој термин од 2017-2020 годна имало над 110 илјади термини и дека 83 отсто од нив биле закажани а дури пола од тие закажаните не го искористиле своето право на преглед.

Државната ревизија открила и други интересни работи како на пример дека на магнет се снимале пациенти и кои немале закажано но и дека фондот на болниците им исплатил повеќе пари зошто прикажале над 25.000 вакви услуги отколку што имало во евиденцијата од Мој термин.

Долгото време на чекање е голем дел за граѓани по што тие се упатуваат кон приватните болници каде таа услуга не ни малку евтина и чини над 250 евра.Граѓаните чекале најмалку 10 дена, а некои и со месеци радиолог да им го исчита резултатот. Причината е зошто има недостиг од вакви специјалисти и недоволно едуциран кадар.

Ревизорите забелешките ги доставиле до министерството, Фондот и ДСЗИ и побарале поголема контрола и порационално користење на овие апарати кои се клучни за прецизна дијагностика на повеќе болести.