Нема снимање преку ред за магнетна резонанца, термините ќе бидат објавувани преку “Мој Термин“

Има решение за потешкотиите што се јавуваат за закажување на магнетна резонанца изјави Министерот за здравство Илир Демири за Сител. Тој дополни дека приоритет треба да им се даде на пациентите кои имаат потреба од неурохируршко лекување и малигни заболувања, а сите други треба да се дисперзираат.

“Има решение, оти има злоупотреба, а пропо закажување на магнетна резонанца, оти има критериуми прво со кое “миџинг“ техника се оди, па после доаѓаме до магнетна резонанца. Јас имам чувство дека многу пати се назначува магнетна резонанца без да има крајна цел, јасна индикација. Затоа е воведено во „Мој Термин“ некое ограничување кое важи за пациенти кои имаат потреба од неурохируршко лекување, така, малигни заболувања, на тие да им се даде приоритет. Додека, сите други кои имаат потреба за магнетна резонанца треба да се дисперзираат. Значи, што сметам за тоа? Има магнетна резонанца во Прилеп, има магнетна резонанца во Тетово и треба да се дисперзираат пациентите со одредени патологии“, рече Демири.

Тој посочи дека се договориле со директорот на “Мој Термин“ листата на чекање за магнетна резонанца да биде објавена таму за секој пациент да се почуствува посигурен.

“ И според таа листа која е електронска, откако ќе се внесат пациенти не може да се има упат, мој, твој, па да се прескокне редот. Тоа веќе е воведено и дадено како задолжение за да може да има покоректен пристап секој и да се чувствува посигурен“, изјави Демири.