Мојот другaр пред 7 години замина да живее во Ирска.Кога ќе се сетам ја молеше својата мајка да му даде 5 денари за да може да дојде со нас на флипери, жената сама го издржуваше семeјството, бидејќи таткото остана без работа, празен фрижидер, бајат леб...Барајќи подобар живот си заминаа, се помачија, но им се насмевна среќата.

Се радувам за него. Дојде летово да не посети.

Почнавме да излагаме на почетокот можев да ги пратам сите негови дружби во кафани, но набрзо престанав.

-Брат вечер доаѓаш ќе одиме со другарките од средно да се видиме.

-Извини, брат не ќе можам ми касни платата, терај ти ќе се видиме.

-Абе ајде што збориш тука јадењето и пиењето е ефтино ќе поминеш со 1000 денари.

Не знам зошто, но  најголемиот дел од луѓето кои заминуваат од тука, забораваат од каде се па се чудат каде тоа живееме ние.Дали се плашат да се сетат или сакаат да се издигнат?

Набрзо ми се расипа телефонот кој се уште не го имав отплатено.Заедно отидовме да одберам нов, почна да ми раскажува дека треба да си земам добар телефон од 25 илјади и да терам.

Види го мојов го купив пред две недели, 600 евра и некако не ми се допаѓа планирам сега кога ќе се вратам нов да си земам.

Во меѓувреме се сретнавме со една другарка од детството. Застанавме и започнавме разговор.

-Леле Ана човек па како си, што работиш, ја праша.

Девјоката подзасрамено му одговори еве завршив факултет сега работам на каса во еден маркет.

-Како бе на каса, не тие малку срам, како се саноѓаш со луѓево.

Девојката кратко му одговори нема срам од работа, го поздрави и си замина.

Продолжи со муабетот, еј Ана на каса...многу е глупо кога си во маркет може да се стретеш со секого.

Во тој момент се запршав дали си го познавам  другарот која му се потсмева на животот што го живеела до пред 7 години. Очигледно многу брзо заборави како овде живееше.Заборави како двајцата делевме се што имавме. Заборави како наместо во диско седевме заедно на клупа пред зграда зошто немавме пари.Заборави како се возевме шверц во автобус... Немој никогаш да заборавиш кој си и од каде си, само така ќе останеш човек, секој лесно се навикнува на убавото.