Драма на улица Македонија

Во 17 часот во текот на вчерашниот ден се одвивала вистинска драма на улицата Македонија. Додека 24-годишниот Т.У. од Урошевац, Косово се движел по улицата со неговите пријатели, Р.У., Ф.У., А.М. и Р.У., физички биле нападнати од поголема група на млади лица по што истите побегнале во непознат правец.

Полицијата информира дека повредениот се упатил во болница во Скопје каде му била укажана лекарска помош.

Приведени биле лицата С.Н. (19), А.З. (19), Н.М.(19)  и двајца малолетници на 15 и 16-годишна возраст, сите од Скопје.  По извршениот разговор, во 19 часот и 30 минути малолетниците се ослободени, додека останатите лица се задржани за понатамошна постапка.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.