До крајот на оваа недела времето останува стабилното, суво и натпросечно топло време (мини лето), пишува специјализираниот портал за временска прогноза Meteomax.

Според анализата направена таму, на самиот почеток од наредната недела односно од понеделник па натаму под влијание на циклонска активност ќе има промена на временската состојба кај нас односно ќе има зголемена облачност, врнежи од дожд и значително опаѓање на температурите на воздухот. На некои места врнежите ќе бидат интензивни а можна е појава и на локална нестабилност проследена со грмежи.

 Според Meteomax се очекува да наврне позначително количество на воден талог но поради тоа што има уште неколку денови до овој циклон можни се некој измени во прогозата.