Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд

Од Управата за хидрометеорошки работи ( УХМР) известуваат дека времето денес ќе биде променливо облачно, претежно во планинските региони во западните делови со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж

Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно со услови за краткотраен дожд и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 15 степени.

Во наредните денови можеме да очекуваме дека наутро ќе биде свежо и ќе се задржи променливо облачно време со повремен дожд. Во петок и за време на викендот условите за врнежи ќе се намалат и ќе има повеќе сончеви периоди.