„Денови на словачка гастрономија“ во Скопје

Словачка храна и вино ќе бидат претставени на манифестацијата „Денови на словачка гастрономија“ што ќе се одржат од денеска до 16 овој месец.

Манифестацијата ја организира Амбасадата на Република Словачка во Македонија.

Словачките специјалитети ќе ги подготвува шеф готвачот Томаш Хвостек од Суза, Братислава.