Почнуваат денови на полска гастрономија во Скопје

Со поддршка на Амбасадата на Р.Полска и Почесниот конзулат на Р.Полска во Македонија од 20-26.10.2015 година за прв пат ќе се одржи манифестацијата "Денови на полска гастрономија".

Домаќин на настанот ќе биде ресторанот Пелистер лоциран на плоштадот Македонија во Скопје каде за сите посетители ќе бидат приготвени дневно и вечерно мени. За време на деновите на полска гастрономија во Македонија сите заинтересирани ќе имаат можност да вкусат голем број на автентични полски јадења како Капуста Кишона, Пијероги, Шлеџ приготвени од реномирани полски готвачи, да уживаат во традиционална полска вотка и звуците на полската џез музика.

„Организацијата на настан кој на македонските граѓани ќе им ги доближи вкусовите и звуците карактеристични за Полска, за нејзината култура и традиција, за нас претставува вистинско задовоство. Затоа чест ми е да ги поканам сите оние кои би сакале да уживаат во автентичните полски јадења и полската музика да ја искористат оваа прилика и да бидат дел од гастрономското патување во Полска, секој ден од 20-ти до 26-ти октомври во ресторан Пелистер, на плоштадот Македонија.“ – изјавија од организацијата на манифестацијата.