Црвен крст и Брза помош ќе се грижат за безбедноста на капачите во Вардар

Од Црвен Крст не очекуваат да има инциденти и загрозување на здравјето на учесниците доколку истите се придржуваат до основните препораки.

На денешниот настан повеќе од 40 волонтери и членови на  Црвен крст ќе бидат покрај кејот на Вардар и ќе се грижат за безбедноста на капачите. Ќе биде присутна и брза помош со амбулантни возила како и припадници на полицијата. 

Никако влегување предвреме во студените води на Вардар за да се избегне опасноста од смрзнатини и хипотермија на телото. Ова е главната препорака на скопскиот Црвен крст за 150-те учесници кои утре ќе се фрлаат по крстот. Исто така, сите мора да носат обувки пред влегување во реката за да ги заштитат стапалата од повреди.  Капачите треба да бидат во добра здравствена состојба.