Почнува Европското првенство во ракомет за мажи, Македонија во дуел со Франција

Вечерва од 18 часот репрезентацијата на Македонија во ракомет ќе ги одмери силите со репрезентацијата на Франција со што ќе започне 16 Европско првенство во ракомет за мажи.

Овој натпревар ќе се игра на стадионот „МЕРКУР Шпил-Арена“ во Дизелдорф каде се очекуваат да бидат присутни над 50 илјади гледачи што ќе претставува нов рекорд кога се работи за еден ракоментен натпревар. Освен Дизелдорф натпревари ќе се одиграат во Берлин, Манхајм и во Минхен.

Македонија настапува прилично во тешка група. Покрај Франција ние силите ќе ги одмериме и со домаќинот Германија и Швајцарија. Првопласираните 2 екипи од секоја група понатака ќе формираат две нови групи од по 6 селекции.

Ова првенство ќе трае до 28 јануари, а бранител на трофејот е Шведска.