Центар со журка, Карпош со огномет, која општина како ќе ги прослави празниците?

Во пресрет на новогодишните празници традиционално луѓето на овие простори ги китат своите домови во духот на празниците.

И оваа година, според традицијата и локалните власти ќе се потрудат новогодишната магија да ја пренесат и на улиците. Украсување започна во делови од Аеродром и Центар, а ќе се спроведе и во другите скопски општини. 

Годинава, поголем дел од општините се решија да не издвојат големо количество на сретства за таа цел. На пример, Бутел ќе помине крајно економично оваа нова година со буџет од само 500 евра. 

Ѓорче Петров и Гази Баба ќе одвојат по близу 1 милион денари за уличните украси и светилки. Во Центар пак, локалните власти ќе издвојат околу 50 000 евра и ќе ги дотераат во празнично руво 10-тина локации низ општината. Украсувањето ќе почне на 10-ти декември, а така ќе остане се до 15-ти јануари. Ќе бидат украсени Сквер Јадран, Скверот пред општинските бараки во Дебар Маало, плоштадите во Капиштец, Буњаковец и населба Пролет. Украсувањето ќе биде во духот на општината, односно во боите црвена и бела. Во рамки на прославата сигурно е дека ќе се организира и голем музички перформанс, но не е познато кои ѕвезди ќе настапат. 

Општина Карпош, бучно ќеги прослави празниците, со оглед на тоа што ќе потроши 101 941 евра од кои добар дел се за спектакуларен огномет. Огнометот ќе биде организиран на Бадник, кога Карпошани традиционално се собираат.