Центар со нов проект ќе се грижи за старите лица!

Тримесечен пилот проект наменет за најстарите граѓани на Општина Центар ќе започне со реализација. Наменет за лицата постари од 64 години, проектот ќе им понуди медицинска грижа на жителите на Центар. 

Се работи за 120 субвенции, наменети за исто толку граѓани, во висина од 4 500 денари. Проектот ќе опфаќа и посета на социјален работник кој ќе има задача да ги забележи нивните потреби од медицинска нега. Потоа, според индивидуалните потреби, бесплатно ќе им се обезбеди потребната медицинска услуга. 

Посетите ќе се одвиваат 3 пати неделно, а за пријавување потребно е да се пополни формулар кој ќе се издава во архивата на Општина Центар, а подигањето на истиот ќе може да го направат и блиски роднини. 

Пријавите ќе се разгледуваат од страна на стручна комисија, која ќе води сметка за социјалниот и економскиот статус, како и здравствената состојба на апликантот. Периодот на аплицирање ќе тре во наредните месец дена, односно до 27-ми јануари.