Без вакцини нема да се примат деца ниту во училиште

По прогалсувањето на епидемија од морбили во цела држава министерот за здравство денеска изјави дека невакцинираните деца освен во градинка нема да се примат ни во училиште.

Иако според законот за основно образование е задолжително Филипче рече дека нема да има законски измени и се повика на искуство на уставниот суд за задолжително вакцинирање против заразни болести.

Засега министерството нема нови мерки за сузбивање на епидемијата, но министерот тврди дека будно ја следат состојбата.

До петок сите центри за јавно здравје ќе бидат снабдени со дополнителни МРП вакцини повеќе информации во вестите во 16 часот.