Барам жена за дружење во доцни вечерни часови... Барам маж, дискреција загарантирана – На огласите се нудат и бараат секакви услуги

На некои луѓе огласите им служат да за продадат, купат или пак изнајмат нешто, како автомобил, куќа, нива, викендица, а не кои им служи за барање на срoдна душа или пак за барање на забава за една вечер.

Доколку земете некој огласник од весниците или пак на интернет можете да наидете на различни огласи. Од нудење на масажа, дружење, сексуални односи, до барање на девојка, жена...

Сите тие огласи имаат една заедничка страна, бараат дискреција.

Барам девојка за сериозно, добро сум ситуиран имам свој автомобил... Барам разведена жена, за дружење... Барам девојка заедно да одиме на одмор...

Барам дечко кој има добра плата и свој сопствен дом, за возврат давам се најдобро... Разведена мајка, бара дечко за сериозна врска... Нудам еротска масажа...

Ова се само еден мал дел од она што може да прочитате.

На огласите може да се наиде и на бисексуалци кои бараат дружење и запознавање на нова личност.

Нудење на масажа е најчестиот оглас. Цените им се различни од 50 евра нагоре, а станува збор за целосен “третман.” Тие или доаѓаат дома кај вас или пак си имаат свој стан.

Во дел од огласите на интернет преку кои се нудат сексуални услуги е оставен само контакт преку е-пошта. Во други огласи, пак, има телефонски број од агенцијата што посредува да дојдете до услугата.