„Барам девојка за озбилно, сакам да се женам" - Македонците бараат партнери преку огласи

Се продава или купува куќа, стан, викендица, автомобил, бела техника, огласи кои се секојдневие, но во последно време преку оглас се бараат и партнери, и тоа само оние кои се сериозни.

Освен за дружба, постирање слики и коментари, најпознатата социјална мрежа на денешницата, Фејсбук, се почесто се користи и за бизнис зделки.

Сепак од сите огласи, најголемо внимание привлече огласот на еден 28-годишен дечко, кој јавно призна дека му дошло време да се жени и преку групата објасни каква жена сака. Дечкото се пофали дека живее во Германија и дека сака мома без деца.