Алкохолот го продолжува животот и го подобрува здравјето?

Со цел да докажат дека алкохолот не е секогаш штетен, тимот од порталот Your Tango сподели некои интересни факти за поврзаноста помеѓу алкохолот и здравјето.

Секако, тоа не се однесува на хроничното пиење на алкохол, но научниците дошле до податок дека кога се работи за смртноста – поголем ризик од прерана смрт имаат личностите кои никогаш во животот не пробале алкохол.

Нивната смртност е дури поголема и од оние кои пијат редовно, а најмала е кај оние кои кои пијат понекогаш, од една до три чашки дневно.

Научниците нагласуваат дека тоа правило важи само за оние кои ги знаат своите граници и кај кои пиењето алкохол не значи и опивање, туку само чашка за опуштање. Во спротивно, секојдневното опивање води до низа здравствени (и социјални) проблеми.

Студијата која ја спровеле истражувачи од Универзитетот во Тексас, а која ја предводел психологот Чарлс Холахан, била спроведувана долги 20 години на примерок од луѓе стари помеѓу 55 и 65 години (во моментот на почетокот на студијата). За истражувањето, освен навиките во пиење алкохол, биле земени и други важни фактори како што е нивниот социо-економски статус, физичките активности, нивното место во општеството и слично.

Во групата на оние кои во животот пиеле умерено, 41 отсто од нив починале прерано, но стапката на смртност била значително помала отколку кај оние кои никогаш не пиеле алкохол, а исто така починале во години кои се сметаат за прерани. 69 отсто од нив починале прерано.

Научниците тоа го објасниле со тоа што луѓето кои пијат умерено претежно имаат побогат и поквалитетен социјален живот, кој значително влијае врз човековото здравје – ментално и емоционално. Од друга страна, откриено е дека луѓето кои немаат склоност да пијат, навистина почесто патат од депресија, односно психолошки проблеми.

И тоа не` доведува до главното прашање: Дали е можно дури и оние кои премногу пијат да се предодредени да бидат поздрави од оние кои никогаш не пијат, со оглед на раширеното мислење дека алкохолот е штетен за здравјето?

Во заклучокот на студијата истражувачите се обиделе да го дадат вистинскиот одговор на ова по малку нелогично прашање и се согласиле дека и покрај сите негативни дејства кои алкохолот ги остава врз организмот има и некои позитивни дејства. Секако,клучот е во умереноста, но и во изборот на пијалок.

На пример, пивото е полно со витамини и добри хранливи материи како што е калиумот, калциумот, влакна и антиоксиданси кои можат да го намалат ризикот од срцеви болести, болести на бубрезите, ревматоиден артритис, па дури и рак.

Виното исто така е исклучително здраво ако се пие во нормални количини. Виното има значително влијание на подобрата работана срцето, подобар проток на крвта со што се намалува ризикот од појава на тромбоза, дури помага и кај подобра регулација и пораст на добриот холестерол.

Виното е познато и како лек за мозокот, за подобро помнење и подобра концентрација со оглед на тоа што влијае на проширување на крвните садови (затоа е и добро за срцето) и му овозможува на мозокот поголеми количини на кислород.