Зошто од алкохолот се чувствувате „поглупави“ ден после пијанката

Ден после обилната пијанка, девојките не се будат само посрамени поради пораките за кои одма е јасно дека не требало да ги испраќаат вечерта или поради премногу и досадните Insta Story објави, туку и буквално се чувствуваат глупаво. Мозокот не работи. Дали некогаш сте се прашале зошто?

Пиењето е забавно само додека да се разбудите следното утро. Будењето со главоболка најчесто е проследено и со мачнина, некогаш се сеќавате што се правеле, а некогаш имате „црна дупка“ во сеќавањето од претходната ноќ. Не знаеш дали е само незгодно или е трагикомично што си се фотографирала 101 пат, си танцувала со непознати фаци, па можеби и си завршила со некој од нив во кревет. Помалку срамна, но уште понеобична појава е тоа што се чувствувате глупаво. Мозокот како да не работи како што треба. Малку потешко ги процесуира информациите и задачите. Би се обложиле дека тоа има врска со одреден вид на алкохол или бренд (пример, секогаш кога пиете црно вино), но верувајте, нема врска со тоа. Поврзано е искучиво со фактот дека сте испиле поголема количина алкохол.

Она што знаеме е дека алкохолот ја пореметува работата на мозокот, влијае на координирањето, емоциите, памтењето, па и на можноста за јасно размислување, планирање и решавање на проблемите. Ако на тоа му го додадете и мамурлакот, вашиот мозок функционира уште потешко. Уште повеќе, според истражување направено во 2003, му се чини дека е способен цел ден да ужива во гледање филмови и да изеде само еден сендвич – нормално, одлуки кои воопшто не се здрави. Телото притоа се чувствува ужасно, делумно и затоа што се чувствувате глупаво. Поради преголемото влијание на токсините на кои обично не е изложено, тоа е исцрпено и не „работи“ како што треба. Ако пиете за да се чувствувате посреќни, следниот ден ќе се чувствувате уште полошо. Истиот ефект го даваат и многу наркотични средства.

За алкохолот се вели дека „ги убива мозочните клетки“, но тоа не е сосема точно. Алкохолот го доведува мозокот во состојба на воспаленост, бидејќи тогаш невроните и останатата хемија не се избалансирани, туку се во хаос. Дури кога ситуацијата во главата ќе се врати во рамнотежа (на што не можете да влијаете, треба да помине време за да се случи тоа) и организмот да се ослободи од токсините (на тоа можете да влијаете), ќе престанете да се чувствувате лошо, па и глупаво.

Науката потврди дека буквално можете да се чувствувате поглупави следниот ден после жестока пијанка, но уште се расправа зошто точно го добиваме чувството на мамурлак. Наједноставно е да се каже дека поради мамурлакот не можете да размислувате. Затоа што буквално не можете. Па, ако сте загрижени што „ден отпосле“ не сте баш паметни, за сè е виновна проклетата пијачка.