Три состојки со кои ќе се спасите од мамурлакот и прејадувањето

Овој празничен период е познат по обилната храна и пијалоци, па така не ретко се случуваат тегоби во системот за варење поради прејадување или мешање на повеќе видови на калорична храна. Кога дополнително на тоа ќе додадете и алкохол со кој несомнено се наздравува за празниците, потребна ви е детоксикација на организмот со цел да се чувствувате полесно. 

Прва помош може да ви биде медицинскиот јаглен, кој може да го најдете во речиси секоја аптека.

Тој претставува моќна супстанца која помага во лечење на многу болести на цревата, вклучувајќи го и дебелото црево. Особено од голема корист е во отстранување на надуеноста, гасовите и елиминирање на непријатниот мирис предизвикан од лошото варење на храната. Тој исто така, помага и за многу желудочни проблеми. 

Но, доколку не сте во можност да го набавите, тогаш овој напиток ќе ве освежи и ќе ги елиминира отровите од организмот.

Една лажица суво нане прелијте со зовриена вода и оставете да отстои 15 минути за малку да се олади. Додадете сок од половина лимон и пијте ја оваа течност повеќе пати во денот, но не додавајте шеќер.