7 трикови со сода бикарбона

Сода бикарбоната е едно од најдобрите средства кои можеме да ги имаме во домот. Таа има неверојатна намена и е многу ефикасна.

Ова се најинтересните трикови кои можете да ги направите со неа.

  1. Да ја додадете во омлетот (на врвот на лажичето). Така ќе добиете убав воздушест омлет.

  2. Го омекнува гравот. Ставете сода бикарбона во првата вода и проблемот е решен. 

  3. Ги отстранува лошите мириси. Можете да ја измешате со лимон или јаболков оцет и да ги отстраните лошите мириси од површините во вашиот дом. Исто така, кога рацете ви мирисаат на риба или лук, само истријте ги со малку сода и вода.

  4. Смеса со која можат да си играат децата. Измешајте 2 лажици сода бикарбона со шолја пченкарно брашно и голема шолја вода. Гответе на оган, а потоа кога ќе добиете густа смеса, тргнете и оладете. Добивате одлична смеса за моделирање која е поздрава од пластелинот.

  5. Помош при изгореници. Ако сте изгореле на сонце, ставете шолја сода бикарбона во наполнета када со вода и лежете. Болката брзо ќе биде ублажена.

  6. Да се ослободите од раните во устата. Испирајте ја усната шуплина со раствор од 1 шолја топла вода и 1 лажичка сода бикарбона. Болните и иритантни ранички брзо ќе исчезнат.

  7. Спас за чувствителен стомак. Малку сода бикарбона ставете во кафето или сок од портојал. Тоа ќе ги спречи киселините по јадењето.