10 вистини за пријателствата!

Неодамнешно истражување покажа дека повеќето луѓе не можат точно да препознаат кои им се вистински пријатели. Со зголемениот тренд на „следачи“, „пријатели“ или „луѓе со кои се поврзуваме“ на социјалните мрежи, изгледа дека нашата способност точно да ја процениме длабочината на нашите вистински пријателства се повеќе се намалува.

Ова истражување на површина ги изнесе следниве вистини:

1. Пријателствата се едни од најважните врски кои ги развиваме во текот на животот, затоа што додека семејните врски најчесто доаѓаат преку крвна поврзаност, пријателствата се односи во кои стапуваме доброволно.

2. Доброволната природа на пријателствата и нашата заедничка посветеност на истите се главните обележја на постоењето на пријателството. Ако двајца луѓе не сметаат дека пријателството постои, тогаш тоа Е непостоечко.

3. За жал, неодамнешните истражувања покажаа дека повеќето луѓе не се способни точно да ги идентификуваат вистинските пријатели. Всушност, се докажало дека само 50% од пријателите кои ги сметаме за вистински пријатели се наши пријатели.

4. Понекогаш е убаво да се запрашате колку од вашите пријатели би ве однеле некаде со такси доколку не ви е добро или колку од нив би ви дозволиле да преспиете кај нив доколку имате потреба. Одговорот ќе ви даде потврда за тоа кои ви се вистински пријатели.

5. За едно пријателство многу се важни и вашите очекувања од другите. Доколку имате помали очекувања, вашето пријателство нема да се соочува со големи конфликти.

6. Ако бидете љубезни, им помагате на другите и во суштина сте добри пријатели на другите, ќе се чувствувате многу убаво и среќно.

7. Пријателството може да понуди долговечна врска и да стане една од најсилните врски во вашиот живот, но треба да знаете дека пријателството во кое не вложувате е пријателство кое многу брзо може да се распадне.

8. Вистинските пријателства се многу повеќе од слика на Фејсбук. Заедничките интереси и блискоста се најбрзи патишта за пронаоѓање пријатели.

9. Треба да запаметите дека не секое пријателство ќе биде вечно. Понекогаш се случува да имаме пријателства создадени од моментален интерес или задоволство.

10. Истражувањата покажале дека повеќето возрасни луѓе имаат еден до двајца вистински пријатели.