Има нешто навистина посебно во пријателствата од детството и тоа не може ништо да го замени!

Има една прекрасна мисла: „Секој има пријатели во различни период од животот, но само среќните луѓе ги имаат истите пријатели  во сите периоди од животот. Јас една од тие среќни луѓе и тоа е 100% поради вас.

Од пелените до драмите, вие секогаш бевте тука. Ние пораснавме заедно трчајќи низ маало со изгребани колена и лица полни со прашина и кал, а гледајте каде сме сега. Се уште одиме рамо до рамо, освојувајќи го светот на наш начинот.

Животот е еден долг, исцрпувачки пат и понекогаш попатно губиме пријатели. Но, ние бевме доволно среќни за да останеме блиски и заедно да ги поминеме сите подеми и падови, далечината и сѐ што животот ни фрлаше во наша насока.

Вие бевте тука покрај мене кога срцето безброј пати се кршеше, заедно со мене ги поминавте сите животни кризи. Вие безусловно ме сакавте сите овие години и заради тоа сум ви бескрајно благодарна.

Вие се грижите дури и кога другите не се грижат. Дури и кога се борите со своите демони, чувството на изгубеност и осаменост, вие правите се за да ме утешите и да бидете тука за мене, без оглед на тоа што се случува.

Ние сме си потпора едни на други и секако едни на други сме си и биро за жалби. Секогаш сте подготвени да дадете совет. Секогаш вам прво ви ги соопштувам добрите веста, вие секогаш сте моето рамо за плачење.

Ние се глупираме заедно, но и ги водиме најдлабоките разговори.

Никогаш не се плашите да ми го кажете она што треба да го чујам, дури и кога можеби не сакам баш да го слушам тоа. Но, знам дека секогаш го правите тоа со чисто срце, без задни намери.

Ние никогаш не се осудуваме, иако не се согласуваме во многу работи. Да, се караме и дискутираме, но ги решаваме разликите како возрасни луѓе и тоа нѐ прави уште поблиски.

Ние сме секогаш искрени едни кон други, без игри и глупсти. Можме да збориме за сѐ, буквално за сѐ. Ние се разбираме и се почитуваме и си даваме поддршка и простор.

Знаете како да ме расположите кога имам лош ден. Вие сте ми сѐ на светот и јас сум навистина благословена имајќи ве вас во мојот живот.

Вие не сте само моите најдобри пријатели, вие сте мое семејство.