Не сакам лажни пријателства и глума

Не сакам груби и прости луѓе, не сакам дрскост и иронија...
Не сакам лажни пријателства и глума, тапшање во рамо додека ножот е во ракавот...
Не сакам ни материјалисти, амбициозни кариеристи, луѓе кои самите си даваат право да им судат на другите, додека под нивниот праг се таложи ѓубре...

А сакам...
Сакам искреност, едноставна комуникација, луѓе кои знаат да кажат БЛАГОДАРАМ и ПРОСТИ, без оглед на дипломата која ја имаат, каква и да е таа...
Само да се луѓе.

Има многу луѓе кои денес се преправаат дека ни се пријатели и дека се на наша страна. Има многу луѓе кои глумат дека се со нас и во добро и во лошо, а во првиот момент кога ќе затропа неволја на врата, сите тие пријатели одеднаш ги снемува.

А има многу помалку луѓе кои се искрени и кои се покрај нас без оглед на се.

Малку се оние вистински пријатели, кои ќе ти пружат рака кога ќе паднеш, а не само да те турнат во калт.

Затоа да ги чуваме вистинските пријатели. Затоа што подобро е еден вистински пријател отколку 10 лажни.

Zoom Lebron XV 15