Голем дел од луѓето во рамки на една врска или пријателство се обидуваат да ја сменат личноста со цел таа да одговара на нивните потреби и замисли. Но, тоа е погрешен пристап.

Тоа им кажува дека не се доволно добри

Најчестата порака која ја испраќаме до луѓето кои се обидуваме да ги смениме е тоа  дека тие не се доволно добри. Тоа не е фер и може да влијае на самодовербата на личноста. Ако некоја личност не ви се допаѓа, продолжете напред, можеби ќе го најдете тоа што го барате.

Никогаш нема да бидете среќни

Ако сте опседнати со идејата дека некого постојано треба да менувате, тоа значи дека  проблемот не е во другата личност. Веројатно вие не сте задоволни од самите себеси и се фокусирате на другите околу вас. Постојаниот обид да менувате некого никогаш нема да ви донесе среќа и спокој.

Во ред е да се биде поинаков

Многу луѓе грешат во обидот другата личност да ја направат слична на себе. Целта на секој меѓучовечки однос е да се прифатат и ценат разликите. Различните интереси, навики и цели се нормален дел од врската и во тоа нема ништо лошо.

Како би се чувствувале вие?

Како би ви било кога некој не би ве прифатил онакви какви што сте, туку би се обидел да ве менува постојано? Обидете се да се ставите во туѓа кожа, за момент.

Ќе ги избркате од својот живот

Таквото однесување нема да ги направи среќни, туку само спротивно.  Можеби ќе ве прифатат одредено време, но нема да останат долго до вас.