Змијанац: „25 Мај“ е регрутен центар за малолетничка проституција

Драги Змијанац, претседател на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ, домот „25 Мај“, во дебатна емисија на Тв Телма, го нарече регрутен центар за малолетничка проституција што трае со години.

Според него недостига кривична одговорност, а Јавниот обвинител не треба да чека дојава за да поктене постапка. Исто така и  народниот правобранител треба да ги преземе поструктурирано работите, а не само да алармира туку и да преземе кривично гонење.

-Тоа што се споени „Ранка Милановиќ“ и „25 Мај“ е дефект. Од една страна имаме  деца со проблематично однесување, од друга деца со воспитно-социјално проблеми. Јас не ги аманестирам од лична одговорност министерката, директорот на Центарот за социјални рааботи, директорот на домот. Состојбата во „25 Мај“ се случува во   континуитет, односно подведување на децата од вработените, проституција… И сѐ додека нема одговорност, ова ќе се повтрорува, посочи Змијанац.