Животот почнува тогаш кога повеќе не морате да им климате со глава на другите!

Сите наши животи се меѓусебно испреплетени. Логично е да си влијаеме едни на други.

Но, каде е границата каде престануваме да бидеме свои и што се случува тогаш? Свои сте кога својот став не морате да го прилагодувате на другите, затоа што сте уверени дека тие подобро знаат. Мислењата на другите ви се важни како и ланскиот снег. Свои сте кога ќе сфатите дека никој нема да ви аплаудира на вашите соништа, туку самите морате да ги чувате и држите во себе како најголема светост. Правиот живот почнува кога се она што другите ви го велат ќе го прифаќате со резерва, без оглед на тоа дали ве фалат или критикуваат.

Кога ова ќе го сфатите, чуда почнуваат да се случуваат. Но, долг и болен е процесот додека го сфатите сето тоа. Вистинскиот живот почнува тогаш кога ќе престанете околу себе да собирате луѓе и да им го докажувате вашиот статус, образование, религија, интелигенција и останато и да сфатите дека на другите тоа може им оди на нерви, а вас само ви го храни егото. Ништо повеќе од тоа. Нахранетото его само ќе ја помести рамнотежата на вашето битие, затоа што со време ќе бара се повеќе и повеќе.

А потоа ќе посакате се повеќе да им удоволувате на луѓето, давајќи им се повеќе, само за да ве следат, да ви ракоплескаат, само да ви одобруваат. Доколку тоа не ви појде од рака, лесно ќе бидете подготвени да се понижите, да ползите, да клечите пред другите и ќе правите се што треба само за да добиете трошка одобрување. И постојано ќе се прашувате зошто го правите тоа, кога тоа не само што не ве прави среќни, туку ве прави длабоко несреќни, но и покрај тоа ќе биде тешко да соберете сила и да го промените правецот.

Вистинскиот живот почнува кога повеќе не морате на другите да им климате со главата. Но, кога ќе дојдете до тоа сознание, ќе се прашате себеси зошто ви било потребно толку време за да го сфатите тоа и да донесете одлука. Не морате клучот за управување со вашиот живот да им го дадете на другите. Не морате да ги добиете сите битки против другите, убавината на животот е да сфатите дека можете мирно да живеете без сите тие битки.

Да се биде свој, ништо повеќе, но и ништо помалку.