Жителите на Тафталиџе бараат помош, зграда сепак ќе се гради!

Градежна механизација и работници утрово се повторно на „Букурешка“. Граѓаните кои се спротивставуваа на одлуката за изградба на зграда на оваа локација, се очајни и бараат помош.

Како што е познато, граѓаните беа против изградбата на стамбен објект на локацијата на која моментално се наоѓа парк и детско игралиште. За таа цел тие дури и организираа своевиден мирен протест, со цел да го искажат незадоволството. Но, како што изгледа, зграда сепак ќе се гради. Преку социјалните мрежи тие утрово апелираа и бараа помош, бидејќи, како што велат, градежни работници веќе се наместото и го подготвуваат теренот за започнување на градежни активности.

Од градежната компанија, одговорна за изградбата, уште пред 2 недели рекоа дека имаат намера да ја изградат зградата, ако треба и со асистенција на полицијата.